ВИДЕО: Шариќ спроведен во Специјалниот суд во Белград

Наркобосот Дарко Шариќ утрово слетал во придружба на полицијата на аеродромот во Белград, од каде што е спроведен во одделението на Министерството за внатрешни работи за потрага, а потоа во Специјалниот суд.

Шариќ беше уапсен во Јужна Америка од каде што е префрлен во Црна Гора и утрово во Белград. Откако бил идентификуван во Полициската управа за Белград околу 9,30 часот е упатен кон зградата на Специјалниот суд.

Тој го привлече вниманието на светската јавност во 2009-та година, по заплената на три тони кокаин до кој што дошол благодарение на соработката со српската полиција и американската агенција ДЕА.

Во текот на акцијата „Балкански војни“ која во октомври истовремено се одвиваше во Уругвај и во Белград, му се губи секаква трага. Во јануари 2010-та година по него е распишана меѓународна потерница, а во Србија досега му се судеше во отсуство.