
Песната „Last Christmas“ на британскиот дует Wham конечно го освои божилниот број еден на топ листите во Велика Британија, 39 години откако песната беше првпат објавена.
„Last Christmas“, песна напишана од покојниот Џорџ Мајкл со намера да го освои божикниот број еден во 1984 година, не успеа да го стори тоа бидејќи во исто време беше објавен синглот на легендарниот Band Aid – „Do They Know It’s Christmas“.
Речиси четири децении подоцна, песната која оттогаш стана неодминлива божикна поп-класика конечно беше крунисана на официјалната табела за синглови во Велика Британија.
„Џорџ ќе беше надвор до себе и по сиве овие години конечно стигнавме до божилниот број еден, што беше неговата намера кога ја напиша песната. Мисијата е остварена“, изјави втората полоина на Wham, Ендрју Риџли.
Џорџ Мајкл почина на Божик 2016 година.
Бројот на „стримови“ за „Last Christmas“ достигна 13,3 милиони во последните седум дена, што е најмногу во историјата за една божикна седмица.
Покојниот Шејн МекГован и неговите Pogues уште еднаш не успеаја да стигнат до број еден со една од најпопуларните божикни песни на модерното време – „Fairytale of New York“.
Иако по неодамнешната смрт на Шејн, фановите водеа кампања за песната конечно да го достигне првото место, таа беше доволно добра само за шестото место.
Овој безвременски класик, сепак, беше на врвот на божикните топ-листи секогаш по неговото објавување, освен на првото место.