Шест лица беа убиени, а можеби и повеќе од дваесет други се ранети кога вооружен маж почнал да пука од покривот на една зграда, десет минути по почетокот на парадата на четврти јули во чикашкото предградие Хајленд Парк во понеделникот наутро, соопштија властите, пренесува Chicago Sun-Times
Набргу до пладнето, полицијата на Хајленд Парк соопшти дека и натаму е „активен инцидент“ и ги повика луѓето да се држат настрана од месотот на настанот. Властите ја продолжија потрагата по напаѓачот, а Федералното биро за истраги (FBI) побара секој што има снимка од пукањето или можни информации за напаѓачот, да се јави на нивната бесплатна телефонска линија.
Репортерот на порталот извести дека видел видел ќебиња со три крвави тела и уште пет други ранети и крвави лица во близина на контролен пункт на парадата.
Болницата при Универзитетот НортШор соопштил дека 26 лица биле однесени во болницата Хајленд Парк и пет во болницата Еванстон, „огромното мнозинство“ се хоспитализирани со прострелни рани, иако некои „се здобиле со повреди како резултат на хаосот што следеше на парадата“.
Неколкумина очевидци изјавиле дека слушнале повеќекратни истрели, а еден од нив рекол дека изброил повеќе од 20 истрели.
Претходно беше објавено дека престрелка е пријавена на маршрутата на поворката по повод американскиот Ден на независноста 4-ти јули во чикашкото предградие Хајленд Парк, објави на Twitter во понеделникот канцеларијата на шерифот на округот Лејк Каунти.
Локалниот телевизиски канал WGN извести, повикувајќи се на неименувани полициски извори, дека стравува оти најмалку едно лице е мртво а дека повеќемина се ранети. Засега, сепак, нема официјални извештаи за жртви.
„Избегнувајте го тоа подрачје, овозможете ѝ на полицијата и на итните служби да ја работат својата работа“, објави канцеларијата на шерифот додавајќи дека замениците на шерифот ѝ помагаат на полицијата во Хајленд Парк.
Поворката ненадејно е прекината кога се слушнале истрели десетина минути по нејзиниот почеток, поради што стотици луѓе се разбегале поради сопствената безбедност, објави порталот Chicago Sun-Times.
Луѓето почнале да бегаат откако слушнале неколку силни тресоци, објави телевизијата CBS 2, цитирајќи ја својата продуцентка која се наоѓала на местото на поворката.
„Сите бегаа, се криеја, врескаа“, изјавила продуцентката Елиса Кафман, според интернет страницата на телевизијата.