ВИДЕО| Шестмина ранети во палестински напад врз автобус со израелски војници

Шест Израелци се ранети кога Палестинци отвориле оган врз автобусот со кој се превезувале на пустински автопат во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.

Во нападот се ранети пет израелски војници и нивниот возач, објавија израелската војска и медицински извори, за инцидентот кој може да биде иницијална каписла за нов бран во израелско-палестинското насилство.

Нападот се одиграл во близина на Јенин и Наблус, палестински градови кои се месеци се сцена на интензивни и честопати смртоносни операции на израелската војска која трага по палестински екстремисти.

Очевидци за медиумите изјавија дека група Палестинци кои се возеле во автомобил го престигнала автобусот и отвориле оган врз него, а кога возилото запреле, се обиделе да го запалат. Израелската телевизија емитуваше снимка на автомобил во пламен, откако, како што беше речено во прилогот, во него експлодирала запаллива бомба.

Весникот The Jerusalem Post објави дека еден израелски војник е тешко ранет, а најмалку двајца се потешко повредени, вклучително и возачот кој имал прострелни рани во горниот дел од телото, и оти сите се евакуирани со хеликоптер во база со медицинска помош Рамбам во Хаифа. Се додава, исто така, дека двајца осомничени за нападот Палестинци се приведени.

Палестински извори од Западниот брег не ја преземале веднаш одговорноста за нападот, но портпаролот на исламистичката организација Хамас, која владее со другата палестинска енклава Појасот Газа но дејствува и во долината на реката Јордан, го пофали нападот велејќи дека тоа е „доказ дека пропаднале сите обиди во Израел да ги запре ескалирачките операции на давањето отпор на Западниот брег.

Израел последните месеци ги зајакне воените операции на Западниот брег, особено по неколкуте смртоносни напади изведен од Палестинци во градовите во Израел меѓу март и мај годинава во која имаше повеќе од десет цивилни жртви.

Континуираното насилство дополнително го отежнува патот кон остварувањето на желбите на Палестинците за основање нивна независна држава. Преговорите со Израел за ткн „решение со две држави“, кој се одржуваат под покровителство на САД се во прекин од 2014 година.

Економската перспектива е слаба, а Палестинската самоуправа која ја поддржува Западот и која има ограничена управа на Западниот брег, меѓу палестинското население во енклавата повеќе нема толку добар кредибилитет како претходно. Се стравува дека тоа им оди во прилог на екстремните организации како Хамас или Исламски џихад да го шират своето влијание и на Западниот брег.