Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу извршил инспекција на групацијата на силите на Јужниот воен округ во зоната на борбените операции во југоисточна Украина, соопшти во неделата министерството за одбрана.
„Министерот за одбрана на Руската Федерација, генералот на армија Сергеј Шојгу имаше работно патување во Јужниот воен округ и изведе инспекција на групацијата на војските во зоните на специјалната воена операција“, објави министерството на официјалниот профил на апликацијата Telegram.
Се додава дека Шојгу разговарал со војниците на „првата линија на одбраната“ и на „командна позиција“, каде што разговарал со војниците и им се заблагодарил за „примерното извршување на задачите“.
На командната позиција на групацијата војски, челникот на руското Министерство за одбрана ги слушал извештаите на командантите за состојбата и акциите на руската армија во оперативните области. Министерот особено внимание посвети на организацијата на сеопфатна поддршка на војниците, распоредување на персонал на терен, како и на работата на медицинските и задните единици, се додава во објавата.
Меѓутоа, не е јасно кога се случила таа посета, ниту локацијата на којашто Шојгу евентуално престојувал на украинското боиште. Со соопштението е објавено е кусо видео кое го прикажува Шојгу во хеликоптер и неколку снимки направени од воздух.
Објавата следеше ден откако беше објавено петочниот целодневен состанок на рускиот претседател Владимир Путин со највисоките воени команданти, меѓу кои беше и Шојгу, а на кој ги сослушуваше нивните мислења за моменталните и среднорочните операции во кампањата во Украина.