Обилните снежни врнежи и студените ветрови ја погодија Шпанија, а температурата падна на минус 34 Целзиусови степени, што е најниската забележана на Пиринејскиот полуостров, соопшти Државната метеоролошка служба.
Оваа температура е регистрирана во местото Клот дел Тук де ла Љанка во Арагон во шпанскиот дел на Пиринеите во 5,19 часот во средата.
Пониска е за два степена од онаа забележаната во 1956 година во Естани-Генто во Леида на североистокот од Шпанија која изнесувала минус 32 Целзиусови степени.
Шпанската метеоролошка служба предвидува уште обилни снежи врнежи во поголемиот дел од централните и северните делови на земјата, со очекуван пад на температурите на минус 11 степени.
Маж на возраст од 75 години, кој се загубил откако решил да трген пешки да бара засолниште откако неговиот автомобил останал заробен во снежната бура, го спасила полицијата во местото Навиха де Суарна, близук Луго во северозападна Шпанија.