ВИДЕО| Шведска преку Франција во финалето на ракометното ЕУРО

Шпанските и шведските ракометари ќе играат во недела во фуналето на ЕУРО 2022 во Будимпешта, откако прво во петокот во Братислава, Шпанија како двоен европски првак со пресврт ја совлада Данска со 29:25 а во второто полуфинале Шведска беше подобра од олимписките прваци Франција со 34:33 (17:14).

Французите подобро го отворија натпреварот и имаа водство од 7:3, но во 20 минута започна големиот пресврт на Швеѓаните, кои првото полувреме го добија со 17:14. Големи заслуги за тоа одат одат на сметка на шведскиот голман Паличка кој во тој дел впиша 7 одбрани, но и дури и три погодока со што едно време беше дури и прв стрелец на дуелот.

Во вториот дел Шведска успеваше да ја одржува преднсота, разликата не се симна под два гола, но во 57 минута Франција дојде до само еден гол заостанување (31:32). Пелас качи на 33:31, Маи погоди за 33:32, а се чини дека јунак на мечот беше Готфридсон го заби клучниот гол на минута ипол пред крајот. На минута до крајот Шведска имаше 34:32, посед на топката и играч помалку, но Французите го сторија невозможното – двапати ја одземаа топката, постиогнаа гола а во последната секунда Паличка му го одбри „зицерот“ на Фабрегас.

Готфридсон дуелот го заврши со 9 голови а Пелас додаде 7 за Шведска, додека кај Французите Мине и Дескар постигнаа по 8 погодоци.