Силен земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Лима и околните области на централното крајбрежје на Перу, а засега нема податоци за евентуални жртви и штети, објави Националниот сеизмолошки центар.
Голем дел од жителите на Лима излегоа на улиците поради силните потреси.
„Тоа беше многу силен удар, ја потресе целата куќа, моравме да излеземе“, изјави за Франс прес Јулија Лазаро Родригез (60).
Перу се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен каде се одвиваат најсилните сеизмички активности во светот, а во просек годишно има по 200 помали земјотреси.