
Големо невреме доаѓа кон Јадранот. Најавено е предупредување од највисок степен за целото крајбрежје.
Црвениот метео аларм е прогласен заради очекувањата брзината на ветерот да достигне и до 130 километри на час, претежно на отворено море.
Со вакви ветрови, метеоролозите очекуваат видината на брановите на крајбрежјето да достигне до пет метри, пренесува порталот „Индекс“.
Утрово делови од Омиш биле целосно под вода, пишува „Далмација“. Како што се наведува, високата плима, заедно со бурата и силните ветрови, довеле до зголемување на нивото на морето, па поголемиот дел од градот бил поплавен.