ВИДЕО: Силно невреме во западна Србија

Силно невреме со обилни дождови вчера погоди неколку градови во западна Србија, а најмногу штета направило на подрачјето кај Косјериќ и Пожега. Претседателот на општината Косјериќ, Милан Стојаниќ, изјавил дека синоќа поплавени биле и повеќе куќи.

-Водата влегла во домовите на жителите, во подрумите, а и улиците се поплавени. Пожарникарите со пумпи ги празнат подрумите на најпогодените жители. Во скоро сите села на територијата на Косјериќ се оштетени и локалните патишта, изјавил Стојановиќ.

srbija 1

Косјериќ последните неколку месеци повеќе пати го погодиле елементарни незгоди, поради што во некои населени места таму, уште од март е прогласена вонредна состојба.

srbija 2

Силното невреме и обилните дождови вчера го погодиле и Ужице, кога ги поплавиле улиците во градот. Силниот дожд почнал да паѓа околу 17 часот, а фотографиите и видео снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат колку било силно невремето