ВИДЕО: Силвестер Сталоне во нова сосема поинаква улога

Силвестер Сталоне има нова улога на акционен херој. Тој  беше ангажиран од страна на британски „Warburton“ да сними реклама за овој произведувач на пецива.

На прашањето зошто Сталоне се појавува во овој спот, произведувачот на пецива ќе рече:

– Ние имаме херојски подвиг да доставиме производи до 16.000 продавници дневни, затоа ни требаше некој што може да го претстави тоа!, вели помладиот директор Тим Боксал.

Погледнете како популарниот Роки се снаоѓа во оваа улога.