Наполи има перфектна сезона и е без пораз и во Серија А и Лигата на шампионите. Во последниот дуел наполитанците го победија Ренџерс, а Џовани Симеоне имаше одличен натпревар.
Аргентинецот кој од мал сонуваше да игра во ЛШ, даде два нови гола во елитата. Како и пред секој натпревар, тој емотивно ја доживеа химната на најквалитетното светско фудбалско натпреварување.
Симеоне врескаше пред крајот на химната, додека одеше стихот „The Champions“, а македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас затоа што тргна како стартер, имаше можност да ја почувствува таа емоција.
Per tanti potrebbe essere un gesto privo di significato.
Io ci vedo passione, appartenenza, amore.
Siamo tutti pazzi del #Cholito. pic.twitter.com/WUkxr1dl9C
— Andrea Barison – Campione d'Italia (@D10sAndrea) October 27, 2022
Играчот од средниот ред остана вчудоневиден на потегот на Симеоне, камерите сето тоа го уловија, а Италија се насмеа на потегот и Елмас стана хит на социјалните мрежи.