ВИДЕО| Сите ирански хиперсонични ракети ја совладаа воздушната одбрана и погодија цели во Израел

Сите хиперсонични ракети кои Иран ги истрела кон Израел ги надминаа системите за воздушна одбрана и ги погодија нивните цели. Ова го објави иранскиот државен телевизиски канал PressTV.

Не е прецизирано кои објекти на израелска територија биле нападнати со хиперсонични ракети. Во неделата, PressTV објави дека иранските вооружени сили користеле најмалку седум хиперсонични ракети за време на нападот на израелската воздухопловна база Неватим, во пустинската област од каде полетале авионите кои го ракетираа иранскиот конзулат во сириски Дамаск во кој беа убиени седум високи ирански офицери.

Воената воздухопловна база Неватим е оперативна и продолжува да прима авиони и покрај „малата“ штета, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили, кои тврдат дека заедно со сојузничките сили во регионот на САД, Велика Британија и Јордан, собориле „најголем број“ меѓу 300 и 350 бесполотни летала, дронови-самоубијци, крстосувачки и балистички ракет.

Иранската гарда на Исламската револуција (IRCG) изврши опсежни ракетни и беспилотни напади во саботата доцна навечер во Израел, што претставува првпат Исламската Република да употреби такво оружје против реални цели.

Серијата одмазднички напади, наречена операција „Вистинско ветување“, нанесе штета на израелските воени бази тврдат ирански извори. Воени извори за PressTV тврделе дека израелската противоздушна одбрана и нивните сојузници не успеале да пресретнат ниту една од хиперсоничните ракети истрелани од Иран.

Иран е меѓу ретките земји кои поседуваат технологија за производство на хиперсонични ракети кои можат да патуваат со неверојатни брзини и да ги погодат своите цели со голема прецизност. Техеран вели дека неговите хиперсонични ракети имаат големи маневрирачки способност, што им овозможува да имаат непредвидлив траекторија на летот за да ги збунат противракетните штитови на непријателот.

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Мохамад Бакери, во неделата изјави дека Иран погодил голема разузнавачка база и израелската воздухопловна база Неватим во пустинската област Невам, од каде полетал авион „F-35“ кој на 1-ви април го ракетираше иранскиот конзулат во Дамакс. Додаде дека нападите „ги постигнале своите цели“ бидејќи израелскиот противвоздушен систем „Железна купола“ не успеал да се справи со мноштвото ирански ракети и беспилотни летала.

Операцијата на IRCG беше спроведена како одмазда за ракетниот напад на Израел врз иранските дипломатски простории во сирискиот главен град Дамаск претходно во април. Во израелскиот напад врз иранските дипломатски објекти во Сирија беа убиени бригадниот генерал Мохамад Реза Захеди, командант на силите Кудс на IRCG, неговиот заменик генералот Мохамад Хади Хаџи Рахими и петмина од нивните придружни офицери.

Овј напад кој Техеран го нареќе терористички беше жестоко осуден од високите ирански политички и воени лидери, кои ветија „дефинитивна одмазда“. Во текот на говорот во Техеран минатата среда, по молитвата за Рамазан Бајрам, водачот на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Али Хамнеи рече дека израелскиот режим „мора да биде казнет и ќе биде казнет“ за неговиот смртоносен напад врз иранската дипломатска мисија.Свирепиот и злобен ционистички режим направи уште една грешка… а тоа беше нападот врз иранскиот конзулат во Сирија. Конзулатот и дипломатските претставништва во која и да е земја се сметаат за територија на таа земја. Кога го напаѓаат нашиот конзулат, тоа значи дека ја нападнале нашата почва“, рече Хамнеи.