Ситуацијата во Одеса надвор од контрола. Најмалку 38 лица загинаа, а голем број се повредени во судирите меѓу проруските активисти и приврзаниците на украинските власти.
Локалната полиција потврди дека 31 лице ги загубиле животите во пожарот на зградата – некои скокале од зградата, други биле онесвестени од чадот.
Во Одеса има околу милион жители. Овој град до сега беше поштеден од немирите кои ја зафатија земјата.