-2.2 C
Skopje
сабота, декември 28, 2024

(ВИДЕО) Скандал, Јани Бојаџи: Заев води седници со директорите на медиумите на кои планира реформи

Денешен гостин на утринскиот подкаст „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостин беше режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи.

Тој кажа доста интересни ставови. Овој систем не е воспоставен денес како што треба и ние мора да бидеме критични.

– Во последните три месеци Владата одржува состаноци со медиумите и големите телекомуникациски компании, како и кабловските опратори во Македонија. На овие состаноци претседава претседателот на Владата, Зоран Заев, вели Бојаџи.

Бојаџи потенцираше дека не му се допаѓа тоа што Заев води седници со директорите на медиумите на кои планира реформи .

– Ова е шокантно… Ние по ниеден основ не сме нормално општество, ниту пристојна држава. Факт е дека претседателот на Владата, на земја која е кандидат за членка на ЕУ, држи оналјн состаноци со директори на национални телевизии и најголемите телекомуникациски компании и директори на кабловски оператори со цел да направи реформи во медиумите, заклучи Бојаџи за Радио Лидер.

На крајот тој искоментира дека Власта сака да се послужи со систем кој ќе ги контролира медиумите веќе години наназад.