По низата соаднали на церемонии организирани од владата на СДСМ и ДУИ денеска се случи уште еден огромен скандал за време на настанот во чест на 11 Октомври кога на церемонијата беше пуштена партиска химна на државна прослава.
Песната во инструментална форма која се слуша пред да почнат говорите на прославата е партиската химна на СДСМ што во никој случај не смеело да биде пуштена на државна прослава.
Скандалот го открива новинарот Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој прашува дали е според протоколот на државна свеченост да се пушта партиска химна.
Одговорот на прашањето на Бетмен Велит го знаеме сите.