На социјалните мрежи викендов беше дистрибуирана видео снимка која ја обезбеди Almakoc на која се гледа како лидерот на ДУИ Али Ахмети со душа и срце му пее на озлогласниот диктатор Енвер Хоџа. Во меѓувреме, интелектуалци Албанци објавија уште едно видео кое датира од 2014 година, кога ЗВВ-УЧК и ДУИ ја одликуваа сопругата на Енвер Хоџа, Неџмије Хоџа, инаку позната како „Црната дама“.
Манифестацијата „Јануарски пламен“, организирана од ЗВВ-УЧК на 17-ти јануари 2014 година во Кичево, се одржа во чест на браќата Гервала, кои беа убиени во Германија од српската УДБ. Според информациите на порталот Almakos, на овој настан учествувале и многу министри и високи функционери на ДУИ, но и синот на диктаторот Енвер Хоџа, Илир.
До тука веста не би била скандал, но како што нѐ информираат, на овој настан Илир Хоџа не бил тукутака , туку за да му биде врачена благодарница од „вујкото“ на Али Ахмети во име на неговата мајка Неџмије Хоџа. Многу луѓе револтирани ја нспуштијле манифестацијата во знак на протест кон овој срамен чин, каде што името на браќата Гервала се меша со еден диктатор.
Тука јасно се гледа дека ЗВВ-УЧК на Фазли Велиу ги застапува чувствата на неговиот внук Али Ахмети, кој и во својата книга со интервјуа отворено ја изразува својата симпатија кон комунизмот на Енвер Хоџа.
;