Одреден е притвор за мажот во Турција кој на јавно место ја претепал својата поранешна сопруга што може да се види од снимките објавени на социјалните мрежи, известуваат во неделата тамошнните медиумите.
Бруталниот физички напад се случил во саботата вечерта на една од улиците во градот Самсун на црноморскиот брег на северот од Турција.
На сниката се гледа како напаѓачот идентификуван како Ибрахим Зарап брутално ја удира со нозе во главата, телото и лицето 24-годишната жена идентификуван во медиумите само со иницијалите Е.М. додека таа лежи на земјата. Нивната петгодишна ќерка стои покрај мајката и плаче, додека жителите од соседството викаат да престане.
Зарап бил спречен избега од местото на нападот од случајни минувачи, кои потоа го предале во полицијата. Тој рекол во полицијата дека бил претепан од луѓето кои се вмешале во инцидентот и дека ќе поднесе тужба против нив.
Жената била пренесена со возило на итната помош, а за среќа немала повреди опасни по животот.
Видеото предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи. Директорот за комуникации со јавноста на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган преку Twitter порача дека случајот ќе биде следен со големо внимание, а организациите на жените побараа стриктно да се спроведат законите кои ги штитат жените.
Според овие активистки, минатата година мажите во Турција убиле најмалку 300 жени, или речиси едно убиство дневно. Во половината од случаите, убиецот бил партнерот.
Напаѓачот во понеделникот се води како уапсен под обвинение за „убиство во обид“, додека Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Самсун објави дека жената и нејзиното дете се ставени под полициска заштита.
Министерката за семејство, труд и социјална гриќа, Зехра Зумрут Селчук, изјави за медиумите дека министерството ќе се приклучи на кривичната постапка со цел напаѓачот да добие најтешка казна.
https://www.youtube.com/watch?v=oeDXTxYFOpU