
На социјалните мрежи се појави снимка за којашто во описот се наведува дека е приказ на инцидентот кој на 23-ти мај се случи во скопската општина Чаир, кога заменикот на директорот на Бирото за јавна беззбедност (БЈБ), Ариф Асани ослободувал осудувано лице кое од пиштол пукало во полициски службеник.
Во угостителскиот објект „Галаксија“ во Чаир на споменатиот датум настанала вербална расправија од една страна Асани, придружуван со уште едно лице и началникот на ЕВР Чаир, Едмонд Миртезани, која преминала во физички напад спрема началникот.
Во еден момент, како што посочуваа повеќе извори на медиумите, лицето кое било во друштво со заменик директорот, извадило огнено оружје пиштол и испукал еден куршум кон началникот.
Полицискиот началник повикал полициски службеници, кои кога тргнале да го приведат лицето, но заменик директорот на БЈБ дал наредба веднаш да биде ослободено.
Опозицијата цела седмица го повикува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се изјасни во јавност во врска со овој тежок инцидент, но засега од ресорот има целосен молк.
Во петокот Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција оосочи дека Спасовски повеќе не смее да се крие и како прв човек на МВР мора да одговори „дали Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ, е снимен од камерите на системот „сејфсити“, од безбедносните камери, вечерта на местото на пукањето во Чаир?!
„Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат лицето да замине? Дали постои снимка од системот „сејфсити“ на којашто се гледаат полицајците и Ариф Асани, а на снимката нема други лица? Дали полицајците во своите службени белешки прикриваат дека Ариф Асани влијаел тие да го ослободат лицето, па е наведено дека „поголема група на граѓани ги попречила да го приведат лицето“?“, праша Стоилковски кој досега не доби одговор.
ВИДЕО: МВР на Спасовски дувло на криминалци. Заменик директор на БЈБ Ариф Асани ослободува криминалец кој пука на полициски службеник во Чаир pic.twitter.com/eu4IM9OCHf
— Гледачот (@gledacot2) May 29, 2022