
Објавена видео снимка на која се гледа првата медицинска сестра заболена со ебола во Тексас, Нина Фам.
Видеото е објавено од Презвитеријанската болница во Далас пред да биде преместена во изолациска единица на Националниот институт за здравство во Бетесда, Мериленд.
Деталите за нејзината состојба не се познати, но Фам е будна и расположена. Таа плаче, а на својот лекарски тим му вели: „Ве сакам, момци“.
Фам вчера беше примена во Одделението за специјални клинички студии на Клиничкиот центар НИХ за да биде лекувана од експерти за заразни болести и интензивна нега.
Амбер Винсон, другата сестра заразена со ебола откако го лекуваше Либериецот, во средата вечерта била испратена во болницата на Емори универзитетот во Атланта.