5.8 C
Skopje
четврток, февруари 6, 2025

(ВИДЕО) Снимка од утринскиот земјотрес кој ја стресе Македонија

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер рано утрово во 04:54 часот ја стресе Македонија и разбуди дел од населението.

Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 10 километри.

Повеќе гостиварци и жители на градови во западниот дел од државава, како што објавија по социјалните мрежи, утрово доживеаја непријатно будење. Во шест минути пред пет часот почувствувале потрес со средна јачина.

Освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195. Околу 6:23 часот почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтер шок по првиот удар.

Дека земјотресот навистина бил силен и предизвика вознемиреност кај граѓаните сведочи и ова видео снимка од маркет во селото Челопек во Тетово.

Земјотресот бил почуствуван и во соседните земји.