Осумдесет идвегодишната Воли Фанк на 20-ти јули заедно со милијардерот Џеф Безос ќе полета во Вселената со леталот на компанијата „Blue Origin“ и така ќе стане најстарата личност на космички лет, објави компанијата во четвртокот.
Воли Фанк ќе биде четвртиот патник на тој прв лет со човечки екипаж кој го оранизира споменатата компанија за „вселенски туризам“, покрај милијардерот, неговиот брат Марк Безос и победникот на аукцијата кој плати 28 милиони долари за место во ракетата а чиешто име сѐ уште не е објавено.
Воли Фанк во 1960те години била учесничка на првата приватма проргама позната како „Mercury 13“, во кој била група од 13 жени подвргнати на истите испитувања како и машките астронаути уизбрани во рамките на програмата на американската Национална агенција за вселенски истражувања (NASA) под називот „Mercury“ за испраќање на првите Американци во Вселената.
„Ми кажаа дека сум ја завршила ранотата подобро и побрзо од кој и да е маж. Реков дека сакам да бидам астронаутка. Но никој не ме сакаше. Не мислев дека еден ден ќе одам горе“, вели Фанк во водео-објавата на акаунтот на Џеф Безост на Instagram.
„Никој не чекал толку долго. Добредојде во тимот Воли“, напиша Безос во својата објава,
Воли Фанк била првата инспекторка на американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (FAA). Како пилот има 19.600 часови лет.
Ракетата „New Shepard“ (Нов пастир) ќе биде лансирана на 20-ти јули од Тексас на летот кој ќе трае околу 11 минути. Карматовата линија, којашто според меѓународната конвенција го означува почетокот на Вселената, ќе ја достигна на 100 киломентри над Земјата.
Летот треба да претставува пресвртница во настојувањата на американските приватни компании да започнат нова ера на комерцијални патувања за цивили во Вселената. Улгедните патници тогаш ќе можат неколку минути да лебдат во бестежинска состојба и да ја набледуваат заобленоста на Земјата.
Потоа капсулата во слободен пад ќе започне да се враќа кон Земјата, а ќе ја забавуваат три големи падобрна и ретро-ракетите, по што ќе се спушти во пустината на западот на сојузната држава Тексас.
Досега „Blue Origin“ изведе 15 пробни летово на вселенсиот бродот „New Shepard“’, а посчедниот од нив се случи кон средината на април.
Истовремено до четвртокот повеќе од 141.000 луѓе ја потпишале петицијата за поддршка на спречувањето на најбогатиот човек на светот, посновачот на компанијата „Amazon“, по летот да се врати на Земјата.
„Милијардерите не треба да постојат… ниту на Земјата, ниту во Вселената. Но доколку тие го изберат второто, тогаш и нека останат таму“, гласи полниот кус на петицијата на платформата change.org пред три седмици.