Со каков говор оџата во Сарај ги натера лицата собрани за да протестираат да си заминат дома? Тој успеал да ја смири насобраната толпа велејќи им дека нема простор за паника и дека ситуацијата е под контрола. Оџата ги замолил насобраните граѓани во име на Господ да си заминат во своите домови, а тие го послушале.
„Ситуацијата е под контрола и нема потреба за паника. Ние треба да знаеме дека Мухамед рекол за секоја иницијатива е потребен водач. Не може секој со своја глава. Значи ги имаме нашите водачи, кои апелираат да се смири ситуацијата и ја имаат контролата врз ситуацијата. Ние не повикуваме да се оди во Сирија на џихад, туку да се бранат нашите семејства, и секогаш ќе ги браниме. Но сега нема потреба од тоа. Ситуацијата е под контрола. Ве молам во име на Господ повлечете се од тука. Ви благодарам“, рекол оџата, по што насобраните жители на Сарај се разотишле.