(ВИДЕО) Соборен Гинисовиот рекорд за најдолга подводна прошетка

Борис Милошиќ од Сплит, Хрватска, го собори рекордот за најдолга подводна прошетка во еден здив во машка категорија, со тоа што на 1 март лани под вода изодел 96 метри, информираат од Организацијата на Гинисови рекорди.

Како што информираат од организацијата, Милошиќ овој подвиг го завршил за три минути и 34 секунди и го соборил претходниот рекорд за 16 метри. За да ја добие престижната награда, тој морал постојано да ја држи едната нога на подводното тло со што на себе прикачил тегови.

Оттаму дополнуваат дека страста на Милошиќ за нуркање потекнува уште кога имал седум години. Од својата 14-та година тој нуркањето го практикувал како професионален спорт. За да дојде до Гиносовата титула тој морал да тренира пет пати неделно.