ВИДЕО| Соработничката на Џонсон поднесе оставка поради „локдаун журката“

Блиската соработничка од секторот за односи со медиумите на британскиот премиер Борис Џонсон поднесе во средата оставка, откако се појави видео на кое таа се смее и се шегува во врска со забавата во седиштето на владата во текот на минатогодишниот божикен „локдаун“, кога таквите собири бра забранети во целата земја.

Алегра Стратон беше портпаролка на британскиот премиер кога во декември 2020 година е снимено видеото. Нејзина последна должност беше портпаролка на владата на неодамнешната климатска конференција COP26 во шкотски Глазгов.

„Со своето однесува ја минимизарав важноста на прописите, истите оние правила на кои другите мораа да се придржуваат. Тоа не ми беше намерата. Ќе жалам за тоа до крајот на животот. Ги разбирам гневот и фустрациите на луѓето. Им се извинувам на сите кои ги загубија своите најблиски, кои биле осамени или се бореле да ги одржат своите компании. Навистина ми е жал и му поднесувам оставка на премиерот“, изјави Стратон за новинарите пред нејзиниот дом.

Во видеото кое беше објавено на телевизискиот канал iTV, Алегра Стратон, е прикажана како во седиштето на владата во Даунинг Стрит кон крајот на 2020-та, како подготвувајќи се за редовниот дневен брофинг, се шегува и смее на сметка на споменатата прослава.

Во видеото член на персоналот во кабинетот на Џонсон ја прашува Стратон „Штотуку видов извештаи на Twitter дека во Даунинг Стрит имало божикна забава – ги препознаваш ли овие извештаи?“. Стратон, стоејќи пред британското знаме се смее и вели: „Заминав дома“. Потоа продолжува да се смее.

Во време на прославата во британската влада, на десетици милиони Британци им беа забранети средбите со поширокото семејство и со пријателите во текот на традиционалните божикни прослави, па дури и одење на погребите на починатите роднини и блиски.

Британскиот премиер Борис Џонсон се соочи во средата со жестоки критики по појавувањата на снимките на коишто се гледа како неговиот персонал добро се забавува околу тоа како да се објасни дека е организиран собир во резиденцијата во Даунинг Стрит во текот на минатогодишното божикно „затворање“.

Џонсон и министрите во неговата влада повеќепати негираа дека биле прекршени некои прописи кон крајот на 2020 година, иако весникот Mirror објави дека премиерот рекол оти неговиот тим од 40 до 50 луѓе славел со вино.

Снимката, исто така, се појави во моментите кога британската влада размислува за повторно наметнување нови ограничувања за да го запре ширењето на новата омикрон варијанта на коронавирусот.