
Двајца советници од советничката група на СДСМ во Советот на Општина Кисела Вода, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ. Тие сега ја напуштија советничката група на СДСМ.
-Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители. Да живее Македонија, порача градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.