ВИДЕО| Сплав полн со гости во Смедерево потонал до половина

Сплавот „Боем“ на кејот на Дунав во Смедерево потонал до половина во текот на ноќта, јавува РТС.

На видеото од социјалните мрежи се гледа дека во моментот кога водата влегла во сплавот имало гости, но тие успеале да се евакуираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Противпожарната единица набрзо излегла на терен. Како што потврдија за РТС, нема повредени.

Засега не е позната причината за потонувањето на сплавот.