(ВИДЕО) Србите лути на случувањата во Загреб: Националистички скандирања од навивачите на Динамо и Шкупи (ВИДЕО)

Балканските пресметки во Европа секогаш носат посебна возбуда во регионалната јавност, но како и обично, навивачите секојпат се погрижуваат за расипување на фудаблската атмосфера.

Играчите на Динамо и Шкупи пондија извонредна претстава на теренот во натпреварот кој заврши 2:2, но истиот предизвика внимание во Србија поради скандалозни скандирања.

Српските медиуми го издвоија видеото на кое се слушаат заеднички скандирања од страна на „Бед Блу Бојс“ и „Шверцери“, а во фокусот е и знамето на „УЧК“ кое е развиорено на малиот дел од трибината на кое беа фановите допатувани од Скопје.

– Убиј, убиј Србина….., – гласеа скандирањата од двете навивачки групи кои предизвикаа револт во Србија и кои уште еднаш докажуваат дека фудбалската култура е на ниско ниво на Балканот.

Дел од хрватските медиуми пак пренесуваат дека атмосферата меѓу двете навивачки групи не била така идеална во второто полувреме, па „Бед Блу Бојс“ скандирале и „Убиј шиптара“.