ВИДЕО| Србите од Косово: Ако тргнат тие, тргнуваме и ние!

Имавме состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и никогаш не сме имале пократок состанок. Добив уверувања дека Србија секогаш ќе биде со својот народ, изјавил денеска Горан Ракиќ по средбата на претсавници на Србите од Косово со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, јавува Б92, пренесува НетПрес.

„Ако косовските безбедносни сили тргнат да ни ги одзимаат возилата и регистарските таблички, тогаш тргнуваме и ние со сите средства против тоа, на мирен и демократски отпор на народот. Ќе блокираме се’ – од север до југ. Незнаеме во што тоа ќе се претвори и како ќе се одвива ситуацијата на терен, но повторувам – на мирен и демократски начин“, изјавил пред медиумите претставникот на косовските Срби, Горан Ракиќ.