Фудбалската репрезентација на Македонија приреди голема сензација во квалификациите за Светското првенство, откако среде Палермо ја „расплачи“ Италија.
Европскиот шампион беше голем фаворит на овој дуел и беше многу поблиску до победата, но во судиското надополнување Александар Трајковски испрати „бомба“ од преку 25 метри и го матира Донарума. Радост кај македонските фанови беше неизмерна, но и кај коментаторот на српската телевизија Спорт Клуб, Лазар Јовановиќ, кој полуде по погодокот на македонскиот ас.
Реакцијата на српскиот коментатор по голот на Трајковски: