Српскиот министер за градежнишство, транспорт и инфраструктура е хит денеска на социјалните мрежи. Прво се пофали дека автопатиштата се чисти и нема снег, а потоа и самиот го буткаше автомобилот за да го извади од снег.
– Овде сме на пат кон белградскиот аеродром и како што можете да видите сообраќајот е апсолутно прооден. Секако дека сообраќајот е отежнат кога паѓа толку многу снег овој ден, но денес имаме повеќе од 1800 патишта на патиштата од првиот и втор приоритет, повеќе од 800 камиони и машини за снег. Ниту еден пат од прв и втор ред не е блокиран. Сообраќајот насекаде се одвива непречено. Ќе дадам сè од себе луѓето да го видат тоа, вели министерот Момировиќ во првото видео кое го објави на социјалните мрежи.
Потоа тој објави видео каде турка автомобил заглавен во снегот.
– Во ред… Постојките на автопатот дефинитивно може малку подобро да се исчистат, напиша министерот покрај видеото.