ВИДЕО: Вистинската љубов заборав нема!

Секоја година за време на божикните празници од сите страни ни пристигнуваат божикни реклами.

Експертите за маркетинг како да се натпреваруваат во тоа кој прв ќе расплаче што поголем број луѓе, па така секоја реклама погодува во срце и не остава никого рамнодушен.

Една швајцарска компанија специјализирана за изработка на фото книги објави нова божикна реклама, чија главна цел е да прикаже како моќта на фотографиите може да ги разгори старите сеќавања.

Рекламата раскажува приказна за маж кој живее во старечки дом поради деменција. Во посета му доаѓа неговата сопруга и му носи божикен подарок, кој во него буди емоции за кои таа верувала дека се изгубени.

„Не плачам, нешто ми влезе во окото“ – ова е најчестиот коментар на корисниците на Интернет на оваа реклама.