Дваесет години откако талибаните ги уништија двете древни статуи на Буда во Бамијан, со што предизвикаа жестоки реакции од целиот свет, во вторникот повторно се појавија во 3Д верзија во истоимената авганистанска долина, на местото на коешто некогаш се наоѓаа вистинските.
„Не сакаме да заборавиме какво страшно злосторство е сторено тука“, изјави Захра Хусаини, една од организаториките на свеченоста со која се одбележа годишнината од уништувањето на проучуените статуи која се одржа под мотото „A night with Buddha“.
Кога талибаните ја преземаа власта во Авганистан во 1996 година, во земјата ги наметнаа своите ригидни толкувања на исламските закони, и тргнаа во уништувањето на сите траги на богатата предисламска историја на земјата.
Наредија и уништување на двете масивни статуи на Буда, кои потекнуваа од VI и VII век, кога будизмот бил доминантната религија во регионот, на почетокот од појавата на исламот. Стануваше збор за најголемите статуи на исправениот Буда на светот, високи 55 метри издлабени во карпите. Талибаните целосно ги уништија во март 2001 година, што предизвика огорчување во целиот свет.
Таквите сеќавања сѐ уште се многу живи кај многу Авганистанц, кои денес со загриженоста гледаат на договорите и преговорите меѓу владите на САД и Авганиостан со талибаните, што би можело во крајна линија да значи и нивно враќање на власт во земјата.
Културолошкиот пејзаж и археолошките остатови во долината Бамихан во 2003 година беа впишани на листата на светскотпо културно наследство на УНЕСКО и веднаш беа впишани на листата најзагрозени локации.