ВИДЕО| Стејт департмент: Шокантно е видеото на кое Палестинец е врзан на израелски џип

Американскиот Стејт департмент во понеделникот го нарече „шокантно“ видеото на кое се прикажуваат израелски сили како возат врзан Палестинец пред воен џип како жив штот и повика на итна истрага за да се утврди одговорноста.

„Го видовме тоа видео, шокантно е. Апсолутно е неприфатливо да се прави такво нешто. Луѓето никогаш не треба да се користат како жив штит. Израелската војска треба итно да истражи што се случило, да ги повика луѓето на одговорност“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер на прес-конференцијата.

Во саботата, израелските сили врзаа ранет Палестинец за хаубата на воен џип за време на рација за апсење во окупираниот град Џенин на Западниот брег. Автентичноста на видеото ја потврди и агенцијата Reuters.

Израелската војска соопшти дека војниците го прекршиле протоколот. Израелските armija го потврди инцидентот еден ден откако се случи, што предизвика гнев на социјалните мрежи.

На споделеното видео се гледа како џип со човек на хауба поминува покрај две амбулантни возила. Војниците беа обвинети дека го злоставувале ранетиот користејќи го како „човечки штит“ за време на операцијата.

Израелската војска во соопштението наведе дека војниците биле во „антитерористички операции за апсење барани осомничени“ во пошироката област на градот Џенин и дека за време на размената на оган, еден од осомничените бил ранет и заробен.

„Со кршење на наредбите и стандардните оперативни процедури, силите го одведоа осомничениот додека тој беше врзан врз возилото“, соопшти војската.