
Стевче Јакимовски прогласи победа во општина Карпош.
-Оваа историја се вика победа на граѓаните на Карпош. Од самиот старт кога одлучив да се кандидирам , знаев дека ќе дојдам до оваа ситуација. Бев сигурен дека ќе победиме. Бев сигурен во довербата која ја имав во граѓаните на Карпош и знам дека и тие ја имаат довербата во мене. Знам дека во наредниот период ќе ги корегираме грешките, ќе работиме уште попосветено и поорганизирано. Уште повеќе ќе бидат отворени вратите за граѓаните на Карпош за да ги решаваме нивните секојдневни проблеми, порача Јакимовски.
Целата прес-конференција КУРИР на пренесуваше на својот Фејсбук профил и таму во целост можете да ја погледнете: