(ВИДЕО) Стевче Јакимовски: Во Македонија повеќе нeмa никaква cигурност, дури и во Трнодол се носеле луѓе од Грчец и рекeтари

Десетина илјади граѓани денес застанаа во поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на митингот организиран во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, а освен народната поддршка, позади најголемата опозициска партија застанаа и коалиционите партнери.

Стевчо Јакимовски, претседател на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) верува дека овој пат граѓаните ќе донесат вистинска одлука, а тоа ќе се види и на 12. април за кога се закажани и предвремените парламентарни избори. Според Јакимовски, денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ одлично ја отлсикува енергијата кај граѓаните кои немаат повеќе трпение и сакаат што побрзо правдата да се врати во Македонија.

„Најбитна е енергијата, има голема енергија. Што се однесува до пораките, пораката е евидентна – дека ќе настапат промени во Р.Македонија, дека Македонија доживеа невиден застој во овој период, особено на внатрешен план, па, дури и ако сакате, и во меѓународната афирмација на Р.Македонија. Бидејќи доживеавме афирмација не како горда нација, туку како понижена нација“ – коментира претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски по завршувањето на митингот на ВМРО-ДПМНЕ за порталот Инфомакс.мк.

Тој додава дека во Македонија фунцкионира селективна правда, а токму неселективната правда е темелна вредност кон кои се стреми државата. Според Јакимовски, добро е што на овој митинг се зборуваше и за економската програма на опозицијата. Ако имаме во предвид дека и покрај ветувањата за „економски бум“ од страна на актуелната власт, во Македонија владее економски колапс.

„Во Македонија ние се претворивме во граѓани кои зборуваат само за политика, но никој не води сметка за економските прашања, за животниот стандард на граѓаните, за главната причина зошто си заминуваат младите од оваа наша земја“ – додава Јакимовски.

Не е само правната несигурност во Македонија, додава претседателот на ГРОМ, туку и друг тип на несигурности кои ги прават граѓаните апатични и резигнирани да учествуваат во јавниот живот во земјата, но и да се впуштат во било какви економски активности.

„Темелна е правната сигурност на граѓаните, меѓутоа не смее да се запостават и другите облици на сигурност, пред се безбедноста на граѓаните, значи од оној безбедносен аспект граѓаните мора да бидат сигурни дека секој граѓанин и неговото семејство, па дури и државата. Значи, граѓаните мора да чувствуваат и здравствена сигурност, да бидат сигурни дека ќе има систем кој ќе се грижи за него и ќе му помогне“ – коментира Стевчо Јакимовски.

Што се однесува до случајот „Рекет“, Јакимовски објаснува дека тој и неговата партија одамна предупредувале на неминовноста на појава на девијантни појави при формирањето на СЈО.

„Мојата партија и јас уште на време апелиравме дека формирањето на СЈО неминовно ќе доведе до девијантни појави, бидејќи кога вие ќе формирате таква силна институција, со такви силни овластувања без ничија контрола, дали порано или подоцна ќе ви роди девијација. Кој не очекувал бил во заблуда“ – објаснува Јакимовски и додава дека е запрепастувачки е ширината на бројот на луѓето кои се вмешани во злоупотребата на институциите во случајот „Рекет“.

За Трнодол, кој се наоѓа во општината каде Јакимовски беше градоначалник тој објаснува дека преку овој настан може да се види лицемерието на СДСМ, кои додека тој бил прв човек на општината носеле луѓе од цел Карпош со цел да се наруши јавна дебата за ДУП.

„Сега гледаме реверзибилен процес, носат граѓани од цел Карпош а се работи за ДУП во Трнодол, а слушам дека донеле и неколку граѓани спремни за физички пресметки и од Грчец, донеле и рекетари чија цел била да го блокираат влезот на граѓаните од Трнодол кои ќе сакаат да влезат да ја слушнат презентацијата и да спречат било какво поставување на прашања и спротивставување на планот за ДУП“ – обелоденува Стевчо Јакимовски.

Ова што се случува во Карпош е нешто што самиот СДСМ го посеа во општината, но сепак, објаснува Јакимовски, не е среќен што ова им се случува.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=1UbgGJukm28&feature=emb_logo