(ВИДЕО) Стиви Вондер ја извести публиката дека ќе оди на трансплантација на бубрегот

Легендарниот американски музичар Стиви Вондер на синоќешниот концерт во Лондон најави дека ќе оди на итна операција за трансплантација на бубрег.

„Јас сум добро, добро сум, се е во ред, имам донор и во ред е“, рече 69 годишниот Вондер пред публиката на летниот фестивал што се одржува во Хајд парк. Откако ја испеа песната „Superstition“, легендарниот музичар и се обрати на публиката и рече дека не сака да се шират гласини за неговото здравје.

Стиви најави дека операцијата е закажана за септември, а пред тоа ќе одржи уште неколку концерти.

Поддршка на Стиви Вондер на синоќешниот концерт му беше пејачот и негов пријател Лајонел Ричи.

https://www.youtube.com/watch?v=vPiJD5ld0gY