(ВИДЕО) Стојановски: Во трите години власт на СДСМ нема ниеден проект во Волково

Во трите изминати години од владеењето на СДСМ, во скопската населба Волково, во рамките на општина Ѓорче Петров, не е реализиран ниеден проект, а не се довршени ниту претходно започнатите, истакна во вторникот Бојан Стојановски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров

„Денеска се наоѓаме во Волково едно од најубавите населени места во општината Ѓорче Петров.

Три години на власт СДСМ, три години во Волково нема ниту еден реализиран проект. Дури ни оние коишто ги остави владата на ВМРО-ДПМНЕ, три години не се реализирани. Волково ја сака Македонија и Волково дише за Македонија. Тука живеат луѓе коишто се патриоти и коишто сакаат да ја градат и да ја развиваат оваа држава. ВМРО-ДПМНЕ е нивниот најсериозен партнер за тоа. Верувам дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги администрира и реализира многу побрзо и многу подобро проблемите на граѓаните коишто ги имаат тука. Волковчани, граѓаните на Кисела Jабука, граѓаните на Стопански двор немаат подобар партнер од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се докажало во минатото, а тоа ние ќе го докажеме и во иднината. Ќе работиме многу, ќе работиме многу повеќе, ќе бидеме почесни и ќе бидеме многу попосветени.
Граѓаните на Волково го заслужуваат тоа, граѓаните на Волково заслужуваат да живеат во чесна и достоинствена Република Македонија“, вели во пораката Стојановски.