Неодамна се одржа третата по ред „Другаријада“ на Златибор во рамки на Фондацијата Новак Ѓоковиќ.
Новак и Јелена се дружеа со дечињата од околината на Вањево, Личан, Владимирац и Мачкат.
„Кампот на пријателството“ за прв пат е организиран во 2013-тата година под слоганот „Другарство без граници“, а со цел за промоција на пријателство, фер плеј, разбирање и прифаќање на различностите, промоција на здравата исхрана, тимскиот дух и развојот на еколошката свест.