-3.2 C
Skopje
понеделник, ноември 25, 2024

(ВИДЕО) Стоилковски му упадна на Каевски на прес и го праша: Како стигна до три стана и четири милиони евра со државна плата

Ја разбираме нервозата во СДСМ поради слабиот рејтинг и поради тоа што многу брзо ќе треба да се соочат со одговорност за криминалот кој го прават сложно со ДУИ, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Обвинувањата на СДСМ доаѓаат од партијата чиј што долгогодишен лидер, а сега претседател во сенка Зоран Заев е аболиран за криминал кој неговиот пиун Ковачевски здушно го брани. Но кога веќе покажуваат јавен интерес да говорат за криминал, јавно прашуваме како младиот пратеник и поранешен директор на АМС Дарко Каевски со државна плата за една година се стекнал со имот од три стана и куќа. Како во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина? Како Каевски е единствениот триесетгодишник кој на сметка има 4 милиони денари, а не е иноватор или ИТ инженер, од каде му се парите? СДСМ да престане да го користи обвинителството и судството како своја општинска организација? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение видеото за кој СДСМ и Каевски немаат одговори продолжувајќи да ги слушаат нарачките од Заев и Ковачевски, додаваат од таму.