Девендра Сутхар од Гуџарата во Индија е роден со 28 прсти и тоа му овозможи влегување во Гинисовата книга на рекорди.
Сутхар е столар и вели дека дополителните прсти не му ја олеснуваат работата, затоа што цело време мора дополнително да внимава да не ги исече.
Тој на секоја рака има по седум прсти, а исто е и со стапалата. Се работи за развојна аномалија на полидактилизам, која е многу ретка. Луѓето од цела Индија доаѓат со децата за да го видат, и вели дека вниманието му годи..
– Луѓето со мене се однесуваат како со ѕвезда. Доаѓаат да ме видат и поради тоа се чувствувам посебно, изјави столарот кој рече дека децата посебно ги развеселува кога изведува трикови со своите бројни прсти, пренесува „Дејли Мејл“.
– Изразите на лицата на луѓето кога ќе ги видат моите прсти се непроценливи. Заради нив станав славен и сметам дека ме направија среќен човек. Никогаш не ми падна на ум да ги исечам. Сепак, кога имаш 28 прсти, тоа има и свои негативни страни.
– Сите дополнителни прсти во некои ситуации претставуваат проблем. Столар сум и цело време работам со чекан и пили. Секогаш морам да бидат многу внимателен да не ги удрам или исечам, призна Индиецот.