Неколку стотици демонстранти се собраа во петокот вечерта во Њујорк на еден од најголемите протести од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток пред три недели, барајќи итен прекин на огнот во Газа. Собирот, кој ја блокираше станицата Гранд Централ, главната железничка станица во Њујорк, дојде по синоќешното силно бомбардирање во Газа и усвојувањето на резолуцијата на ОН со која се бара хуманитарно примирје во енклавата.
Според организаторите, Еврејскиот глас за мир, повеќе од 300 Евреи и сојузници биле уапсени во, како што ја нарекоа, „најголемата граѓанска непослушност што Њујорк ја видел од војната во Ирак“, барајќи прекин на огнот. Некои медиуми јавуваат дека се приведени најмалку 200 демонстранти.
Според организаторите, на демонстрациите се собрале неколку илјади луѓе, додека официјалните податоци и полициските службеници од местото на настанот укажуваат на собрани неколку стотици до илјада.
На фотографиите од местото на настанот се гледаат толпи луѓе во централната сала на железничката станица кои носат транспаренти и маици на кои пишува: „Не во наше име“, „Нека живее Газа“, „Палестинците треба да бидат слободни“, „Евреите велат: престанете да пукате сега“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Протестот предизвика прекин на сообраќајот.
Иако првично се обидоа да го блокираат влезот на станицата Гранд Централ, полицајците се откажаа во неуспешниот обид и ги гледаа демонстрантите како влегуваат во главниот терен на зградата. По 7 часа побарале да ја напуштат зградата, а потоа десетици биле приведени.