
Стотици „очајни, гневни и трауматизирани“ луѓе се собраа во петокот вечерта на југоистокот од Лондон на бдението во чест на 28-годишната Сабинa Неса, којашто исчезна пред една седмица а потоа беше најдена мртва во парк во британската престолнина.
Стотиците лондонци дојдоа со букети, свеќи и трансапренти да ги слушнат неколкуте говори за Сабинa Неса.
Младата насатавничка исчезна минатиот петок откако излегла од куќата во кафуле оддалечен пет минути пешки. Следниот ден случаен минувач го нашол нејзиното тело. Британската новинска агенција PA наведува дека била нападната со нож и скриена под куп лисја во паркот.
Британскиот премиер Борис Џонсон запали свеќа пред свратите на официјалната резиденција на Даунинг стрит 10 и изрази сочувство на семејството на жртвата.
Ова убиство во Лондон се случи само шест месеци откако беше убиена Сара Еверард, кусо откако лондонскиот градоначалник Садик Кан порача дека насилството над жените станало „национална епидемија“. Откако со денови таа беше водена како исчезната, нејзиното тело беше пронајдено, а за нејзиното грабнување и убиство обвинет е лондонски полицаец.
Убиството на Еверард, 33-годишна директорка на маркетинг, доведе до остри реакции на британската јавност и протести за правата и безбедноста на жените.
На прес-конференцијата во петокот, полицијата наведе дека трага по маж забележан близу местото на грабнувањето снимен од камера за надзор и ги повика граѓаните да им се обратат доколку го премоснаат. Претходно Скотланд јард уапсени двајца мажи во 40-те години а потоа ги ослободи.