Возачот на Дукати, Данило Петручи доживеа тежок пад на квалификаците за трката на Захсенринг, при голема брзина изгуби контрола над својот мотор.
Петручи возејќи со 163 километри на час излета од стазата и заедно со моторот леташе неколку метри до заштитната ограда.
Веднаш е пренесен во болница на преглди на кои е дијагностицирано повреда на лигаментите на дланката, која нема да го спречи да настапи на неделната трка.