Видео| Страшни сцени од пожар, гори деловен центар во Москва, заробени се околу 20 лица

Пожар го зафати деловниот центар Гранд Сетун Плаза во западниот дел на Москва, пренесоа руските агенции. Околу 20 лица останале во зградата, соопштија за ТАС С, другите се пренесени во амбуланта.

Досега се спасени повеќе од 120 лица, пренесува агенцијата, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Засега нема информации за жртви. Пожарот го гаснеле 180 пожарникари и 41 единица опрема. Огнот ги зафатил првите четири ката од зградата, од 10, колку што има.