(ВИДЕО) Страшно невреме во Италија: Паѓал град со големина на портокали, 18 лица повредени

Во невреме проследено со град со големина на портокали го зафати италијанскиот град Пескара , а најмалку 18 лица се повредени, меѓу кои и една трудница.

Повредените се пренесени во градската болница, а трудницата добила повреди на лицето и главата. Останатите повредени добиле повреди на главата и модринки.

Во близина на Равена паднале 200-годишни борови дрвја, а поплавени се и делови од Ромања, Марше и Абруцо, пренесува Анса.

Улиците во Пескара се претворени во реки на неколку локации во градот, а во центарот имало дури 10 сантиметри вода.

Според прогнозите на “AccuWeather”, ново невреме се подготвува и во јужна и југоисточна европа. Силни дождови и бура се очекуваат вечерта меѓу среда и четврток.

Невремето кое во последните два дена мина низ Шпанија и Италија предизвикувајќи невидени поплави, а денес ги зафати Македонија и Грција.