ВИДЕО| Судири на мароканските и француските навивачи со полицијата во Париз

Француската полицијата била присилена да употреби солзавец на париските Елисејски полјани каде илјадници навивачи ги прославуваа победите на селекциите на Мароко и Франција и нивните пласмани во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во Катар.

Илјадници навивачи ја исполниле ноќта кон неделата најпозната авенија на француската престолнина набрзо по завршувањето на мечот во кој Мароко славеше над Португалија, пеејќи и веејќи знамиња. На истата локација уште повеќе се собрале по завршувањето на дуелот во кој Франција ја победи Англија.

Парискиот дневен весник Le Figaro пренесе дека некои од навивачите на двете групации почнале да кршат излози на дуќаните и се судирале со полицијата, којашто потоа истрелала патрони со солзавец. За безбедноста во Париз полицијата ангажирала повеќе од 1.000 полицајци

Според францускиот информативен телевизиски канал BFMTV, на Елисејските полјани во саботата ноќта се собрале најмалку 20.000 луѓе, а поради вандалско однесување полицијата привела 74 од нив.

Сепак, големо мнозинство од навивачите е предизвикувала судири со полицијата, туку бурно со трубења и извици ги прославувале успесите на нивните национални селекции.

Инаку, Франција и Мароко ќе играат меѓусебно во полуфиналниот дуел во Катар.

„Тој натпревар ќе биде како мојот татко да игра против мајка ми“, се шегувала 36-годишната француска Мароканка која излегла на авенијата да ги прослави успесите на „своите две репрезентации“.