Напаѓачите од Исламска Држава кои го обезглавија свештеникот во црквата во предградието на Руан, ги користеле калуѓерките како жив штит, но сепак полицијата успеала да ги убие.
На интернет се појави и видео снимка од Сен Етјен ду Руври каде е снимен моментот кога напаѓачите излегуваат од црквата, по што полицијата успева да ги спаси заложниците.
Видео снимката била испратена до Ле Телеграм од 17-годишното момче Матис кој тврди дека ги слушнал напаѓачите како извикуваат „Алаху акбар“.
За нападот се одговорни Адел Кермиче (19) и Абдел Малик П. кои од претходно и’ биле познати на полицијата.
Една од заробените калуѓерки раскажала дека напаѓачите го присилиле свештеникот Жак Амел да клекне пред да му ја отсечат главата.