ВИДЕО: Сведоштво на повредениот полицаец – дома не им кажував дека сум во болница

 

Полицаецот Љупчо Велковски е еден од 38-те повредени полициски службеници во синоќешните протести пред Владата.

Издржал 2 удари со бекатон плочи, но по ударот со метална шипкаво главата паднал во безсознание. Лекарите во старата градска болница констатирале дека има потрес на мозокот. Вечерта ја поминал во одделот за Интензивна нега.

Велковски има 25 годишно искуство. Обезбедувал многу протести, но вели дека синоќа младината била многу агресивна.

Повредениот полицаец додека денеска да си дојде дома криел од семејството дека ноќта ја поминал во болница. Не сакал да ги вознемирува.

Во хируршката клиника св. Наум Охридски синоќа биле примени 15 повредени полицајци. Со повреди по главата и стомакот шестмина биле хоспитализирани. Од нив четворица утрото ја напуштиле болницата.

2о повредени полициски службеници биле примени во Ургентниот Центар, а еден во болницата 8-ми септември. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување. Во скопските болници со полесни повреди помош побарале и 4-ца граѓани кои биле на протестот.