(ВИДЕО) Таксист претепан со кундак на Бит пазар

Вистинска драма вчера вечерта се случувала на скопски Бит пазар каде таксист бил претепан со кундак и железо од засега непознати лица, кои веднаш по нападот избегале, објави ТВ 21.

Од телевизијата јавуваат дека автомобилот на напаѓачите е со гостиварски регистарски таблични и полицијата се обидува да ги фати. Причините за нападот засега не се познати, а повеќе детали се очекуваат.